Мајкл Чендлер посака пресметка со Мек Грегор

Конор Мек Грегор наеднаш ја откажа борбата со Дастин Пориер, откако започнаа со скандалозни напади во врска со спорот околу донацијата за фондацијата „Дијамант“.

Откако Пориер се оддалечи од видикот на Конор, неколку други борци веднаш посакаа да стигнат таму.

Поранешниот шампион на УФЦ, Рафаел дос Анчос, Кевин Ли и Џејк Пол веќе побараа да се соочат со Ирецот.

Ним им се придружи и поранешниот шампион во лесна категорија на Белатор, Мајкл Чендлер, кој му фрли ракавица на „Озлогласениот“.

Чендлер има испланирана борба против Чарлс Оливеира за титулата во лесна категорија на УФЦ 262 на 15 мај во Хјустон. Сепак, Американецот е подготвен да се бори со Мек Грегор веднаш по тој меч.

Вчера на социјалните мрежи изјави дека е подготвен да се бори на 15 мај и на 10 јули на УФЦ 264, што ќе се одржи во Лас Вегас.

Чендлер направи силно деби во УФЦ со победата во првата рунда над Ден Хукер на нивниот меч на УФЦ 257.

Мек Грегор не се борел откако загуби за прв пат со ТКО од Пориер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО