Хамзат Чимаев почна со тренинзи за враќање во УФЦ

Хамзат Чимаев е со намера да се врати окатгонот следните месеци, а неговиот менаџер Али Абделазиз рече дека гледа ветувачки индиции во неговиот борец.

26-годишниот Дагестанец се врати на тренинг во Центарот за обука Олстар. Тој не се борел од септември 2020 година, бидејќи се здоби со коронавирус, претрпе компликации и рече дека се повлекува од овој спорт.

По активното лекување и со помош на претседателот на УФЦ, Дана Вајт, се чини дека Чимаев се врати на бојното поле.

Абделазиз рече дека наскоро можеме да го видиме неговиот борец повторно во големи борби во средна категорија.

„Помина низ различни процедури. Но, пред три дена го направи првиот тренинг ден. Доаѓа за реванш, човеку. Има многу што да докаже. Сега Ковидот лута низ светот и го фаќа. Истото му се случи и на Александар Волкановски. Се надевам дека е добро. Имаше проблеми, Хамзат имаше проблеми. Но, сега е 100 проценти здрав. Се врати на тренинг минатата недела”.

Менаџерот рече и дека очекува наскоро Чимаев да се врати во кафезот.

„Ќе го видиме на крајот на јули или август. Реално мислам дека треба малку да забави, но кога ќе се врати, тоа ќе биде спектакуларно.

Ќе продолжи да се искачува на топ листите. Тој е посебен талент. Тој е суперѕвезда во подем. Сите ќе го видиме. Секој што разбира ММА, знае што носи Чимаев“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО