Мајкл Чендлер: Ова опуштање не влијае негативно на мене

Американскиот борец и поранешен шампион на Белатор во лесна категорија Мајкл Чендлер уверува дека неговата борба со ирскиот борец Конор Мек Грегор ќе се одржи.

Тие требаше да се борат минатата година, но Мек Грегор не беше подготвен. Сега неколку пати гледавме нивни соочувања. Ова се случи за време на нивниот престој на ТУФ, каде што беа тренери. На почетокот на годината Мек Грегор рече дека ќе се врати во јуни за да се бори со Американецот во средна категорија.

За жал, Дана Вајт допрва треба да објасни и тврди дека се надева на ваква борба наесен. Чендлер ја стави својата кариера на чекање и фановите се загрижени поради тоа. Сепак, тој не е загрижен и верува дека оваа пауза е добра работа за него.

„Прво, би ве советувал да се грижите за себе. Второ, конечно сфаќам дека го правам она што треба. Очигледно знаете дека оваа борба не е сигурна. На крајот на краиштата, ниту една битка не е сигурна додека не ги потпишеме договорите.

А искрено, ништо не може да биде сигурно додека не влезете во октагонот, вратата не се затвори, а потоа Брус Бафер не го објави вашето име. УФЦ никогаш не го смени правецот, никогаш не ми понуди друг противник. Ова опуштење не ми влијаеше негативно.

За среќа, јас сум бизнисмен, татко, сопруг, личност која е многу зафатена со повеќе работи осевн борби. Имам неколку извори на приход.

Не треба да се потпирам само на борба. Така, можев да одморам една година и да инвестирам во други бизниси, други можности, други претприемачки потфати што ги правам“, ја пренесува изјавата на Чендлер Ауткик.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Michael Chandler (@mikechandlermma)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО