Хабиб Нурмагомедов го посети Торонто за да гледа меч на Стеф Кари

Изгледа дека Хабиб Нурмагомедов тргнал на светска турнеја за да посети некои од најголемите спортски настани надвор од мешаните боречки вештини, бидејќи по посетата на стадионот „Сан Сиро“ во италијанскиот фудбалски шампионат се упати кон Торонто за да следи НБА натпревар во живо.

„Орелот“ дури се симна на подот за да се слика со еден од најголемите кошаркари во историјата – Стеф Кари.

Ѕвездата на Голден стејт Вориорс со својот тим гостуваше кај Торонто Репторс во натпревар од регуларниот дел од сезоната на кошаркарскиот шампионат на САД и Канада, каде триумфираше со 105-120 поени.

Двајцата споделија неколку фотографии на социјалните мрежи и, како и обично, Хабиб беше крајно лаконски, пишувајќи само дека е со легендата Стеф Кари во Торонто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО