Мајкл Чендлер: Нема да се вакцинирам против Ковид-19 за средбата

Мајкл Чендлер одлучи дека нема да се вакцинира против Ковид-19. Поранешниот шампион во Белатор во лесна категорија има закажана борба во ноември со Џастин Гејџи. УФЦ планира да ја одржи гала вечерта во Њујорк.

Сепак, има еден проблем, бидејќи борците се должни да бидат вакцинирани, ако сакаат да се борат во Њујорк. Чендлер веќе рече дека нема да се вакцинира за Њујорк.

Неодамна рече дека може да се премисли, но само доколку Агенцијата за храна и лекови ги одобри вакцините. Дана Вајт откри дека УФЦ никогаш нема да ги принуди своите борци да се вакцинираат.

Очигледно Чендлер го чекаше ова.

„Не ги сакам овие вакцини. Не е важно дали се одобрени од Агенцијата за храна и лекови или не. Дали е тоа доволно реално за тебе?

Немам проблем со луѓе кои сакаат да се вакцинираат. Сите имаме избор и ова е мое“, напиша на социјалните мрежи Чендлер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО