Мајкл Чендлер: Јас сум кошмарот на Мек Грегор

Поранешниот шампион во лесна категорија Мајкл Чендлер изрази желба во блиска иднина да се бори со Конор Мек Грегор. Дебито за УФЦ ќе го има на 23 јануари во Абу Даби, каде ќе се соочи со Дан Хукер.

„Ќе кажам дека моето мислење за Конор Мек Грегор се менуваше со текот на годините. Отсекогаш сум велел дека е подобар отколку што мислат луѓето за него, но не е толку добар како што мисли за себе. Мислам дека се уште е така, но тоа е само затоа што тој е еден од најсилните ментално, неверојатно сигурни ММА борци во светот. Ние, како негови ривали, не му даваме заслуга што ја заслужува. Мислам дека е мотивиран. Мислам дека ќе ја видиме најдобрата верзија на Конор на УФЦ 257“, рече Чендлер.

„Секако дека сакам моето име да биде во историјата и сакам да го запознаам. Со моето борачко искуство, плус силата во рацете, плус мојата способност да комбинирам удари и фрлања, плус мојата способност да го диктирам темпото, мислам дека сум кошмарот на Конор“, додаде новакот на УФЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON