Мајкл Чендлер: Борбата со Конор Мек Грегор ќе се случи

Мајкл Чендлер е апсолутно уверен дека неговата борба со Конор Мек Грегор сè уште се случува.

Претходно оваа година, УФЦ објави дека Чендлер и Мек Грегор ќе бидат тренери на Ултимејт фајтер 31. После тоа, тие ќе се соочат во октагонотот.

Иако двајцата ги исполнија своите улоги на ТУФ, па дури и го поставија евентуалениот судир со добро објавена расправија, борбата допрва треба да биде резервирана, што доведе некои да се запрашаат дали тоа некогаш ќе се случи. Сепак, Чендлер сè уште има верба.

„Борбата не е резервирана за датум, борбата не е резервирана за место, но борбата е резервирана меѓу Чендлер и Конор. Нема шанси Конор да се врати и да не се бори со мене. Ако Конор не се бори со мене, веројатно нема да се врати и тоа е надвор од моја контрола“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО