Ален Рустемовски и Ник Николов ќе ги брaнат боите на Македонија на ЕУБЦ купот во Будва

Ален Рустемовски и Ник Николов ќе ги брaнат боите на Македонија на новиот ЕУБЦ куп во Будва, Црна Гора, од 8 до 14 октомври.  

На овој Куп ќе настапат 178 боксреи од 33 држави.

Николов е ново име во македонската репрезентација, кој по татко е штипјанец, а досега ги настапувше за Словенија.

Во машка конкуренција има 13 тежински категории со парична награда од 15.000 долари за прво место, 10.000 долари за второ место и 5.000 долари за трето. Сепак, четвртфиналистите исто така ќе имаат право да добијат награда која е 1.000 долари за секого.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО