Јутјуберот Џејк Пол минатиот викенд убедливо стигна до десетата победа во кариерата. Проблематичното дете ја победи ѕвездата на БКФЦ и поранешен УФЦ борец Мајк Пери со прекин во шестата рунда на боксерски настан во Тампа.
Поранешниот борец, а сега коментатор на УФЦ, Мајкл Биспинг повторно го критикуваше Џејк Пол за изборот на боксерски противници, а истакна дека мечот против Пери никогаш не требало да се одржи.
„Целата заедница за боречки вештини, вклучувајќи ме и мене, беше со Мајк Пери. Но, тој е премал за Пол. Поради некоја причина, постојат класи на тежина во боксот, како и во сите боречки спортови. Џејк Пол беше двојно повисок, а разликата во килограмите беше луда. Се беше глупост“, изјави Мајкл Биспинг.
Поранешниот шампион на УФЦ не застана само тука, упати повици до Пол и до Мајк Тајсон и Алекс Переира.
„Неговото глупаво шоу продолжува. Кога Џејк би се борел со некого со иста големина и сила, тој би имал многу проблеми. Кога се бори, само мавта со рацете. Тој го прозва Алекс Переира, а сите знаеме дека тоа никогаш нема да се случи. Знае и тој, затоа го прозва“, истакна Мајкл Биспинг и подвлече:
„Неговиот следен противник е Мајк Тајсон. Мажот има 58 години. Зошто не се бори со вистински боксер? Секој од Топ 10 може да го убие. Секој ќе го нокаутира, а тој ќе се посере во гаќите. Не го почитувам ни најмалку бидејќи има насилничка тактика“.