Мајкл Биспинг со свое видување за ситуацијата на Мек Грегор

Во врска со скандалозното однесување на Конор Мек Грегор пред УФЦ 223, за што беше критикуван од фелата, но поранешниот шампион од средна категорија Мајкл Биспинг застана на негова страна. Меѓутоа, тој не порекнува дека чинот на Ирецот е погрешен.

„Нема банди во ММА. Постојат банди во Англија. Во Даблин. Во целиот свет. Но не и во ММА. Конор не се обидува да биде гангстер. Само се грижи за своите луѓе, нели? Затоа засулужува почит. Но, направи грешка. Во тоа е целата работа“.

Што се однесува до Мек Грегор, не е јасно кога повторно ќе се бори. Иако би било логично да се врати и да му се спротивстави на Нурмагомедов.

Биспинг во последната борба во номеври брутално загуби од Келвин Гастелум и се очекува да се бори уште еднаш, пред конечно да се повлече.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО