Мајк Тајсон: Вајлдер е најслаб од актуелните шампиони, би требало да се бори со Поветкин

Мајк Тајсон моментално е на источноевропска турнеја.

Легендарниот боксер изминатиот викенд беше гостин на ММА настан во Екатеринбург.

Таму изјави дека многу би сакал да го види дуелот меѓу ВБЦ шампионот Дионтеј Вајлдер и поранешниот олимписки шампион, Русинот Александер Поветкин.

Тие требаше да се сретнат во мај 2016 година во Москва, но тогаш Русинот имаше позитивен допинг-тест, а неодамна се врати на ранг листата на ВБЦ на четвртото место.

Додека Вајлдер ќе боксира против непоразениот Луиз Ортиз во Бруклин оваа пролет, по што се надева на дуел со Џошуа за обединување на титулите.

„Сега речиси секој боксер во тешка категорија може да стане светски шампион. За Поветкин најдобро ќе биде да боксува со Вајлдер, бидејќи тој е најслабиот од сегашните шампион и има најголеми шанси за успех“, вели Тајсон.

Поветкин (33-1, 23 КО) ќе боксира во Кардиф против Дејвид Прајс, како воведна борба на мечот Ентони Џошуа и Џозеф Паркер.

Неодамна, Вајлдер изјави дека без проблем би го победил Тајсон во неговите најдобри денови, бидејќи „нема боксер, во сегашноста или минатото“ кој може да избега на „Бронзениот бомбардер“.

51-годишниот Тајсон беше најмладиот шампион во тешка категорија, победувајќи во првите 19 меча, од кои 12 во првата рунда. Во 1988 година тој го нокаутираше Мајкл Спинкс за 91 секунда. За коментарот на Вајлдер е јасен.

„Не верувам дека тоа ќе беше можно“, изјави Тајсон.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО