Мајк Тајсон со прв коментар за инцидентот во авионот

Боксерската легенда Мајк Тајсон го коментира тепањето во авионот минатиот месец.

Железниот Мајк требаше да отпатува во Мајами и да се качи во авион. Таму предизвика еуфорија кај луѓето и се сликаше со многумина од нив. Криминалец почнал да го малтретира Тајсон и му одел на нерви.

Мајк беше трпелив, но арогантното однесување на Мелвин Таунсенд доведе до тепачка. Тајсон упати неколку удари во главата на Таунсенд, а потоа излегол од авионот. Кон крајот на април се знаеше дека Мелвин одлучил да ја тужи легендата.

Мајк не коментираше што се случи, но тоа го направи неодамна за ТМЗ. Најмладиот шампион во тешка категорија рече дека повеќе нема да патува со јавни летови.

„Тој само ме исмејуваше. Се сликав со овој човек. Мојата сопруга ме повика да не патувам со јавни летови, бидејќи секогаш имам можност да наидам на такви луѓе.

Признавам дека не треба да летам со вакви летови, бидејќи секогаш сте во губитничка ситуација“, изјави Тајсон за ТМЗ.

Потсетете се на тепачката во авионот:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО