Апсолутниот светски шампион во супер тешка категорија, Мајк Тајсон, смета дека е сосема нормално Ронда Русеј да биде зафатена од необични мисли поврзани со прекин на живот, за повеќето луѓе несфатливи, откако ја загуби титулата од Холи Холм на УФЦ 193 на 15 ноември минатата година.
Тој смета дека тоа бил само „момент во времето“ и таа го оставила зад себе. Боксерската легенда вели дека по негово мислење олимписката медалистка во џудо веќе е подготвена повторно да се бори во кафезот и да ги увери ММА фановите дека женската УФЦ супер ѕвезда е во добра физичко и ментално здравје.
„Железниот“ Тајсон се упати во тренинг центарот на Едмонт Тарвердијан и го гледаше последниот нејзиот последен меч, при што тој остана пријатно изненаден од нејзините вештини, но тоа не и помогна, особено за време на одбраната на златниот појас.
Самиот Мајк Тајсон беше прашан дали тој имал сличен период на слични „мрачни“ мисли што му вртеле во главата. Одговорот на Мајк е доволно краток и јасен, за да ви биде непријатно:
„Имав такви лоши мисли, дури и по победа“.
https://youtu.be/oCwlB1oP6OQ