Мајк Тајсон: Руиз не требаше да симнува килограми

Поранешниот шампион во бокс во тешка категорија Мајк Тајсон е во недоумица зошто Енди Руиз решил да ослабне пред реваншот со Ентони Џошуа.

Тие по втор пат ќе се сретнат на 7 декември во Саудиска Арабија.

На нивната прва средба во јуни, Руиз влезе неколку едмици пред мечот и го прати Џошуа четири пати во нокдаун пред конечно да го нокаутира во седмата рунда.

За реванш и двајцата боксери се бореа да изгубат тежина.

Џошуа сака да се ослободи од вишокот на мускулна маса, а Руиз да изгуби маснотии.

Сепак, Мајк Тајсон не се согласува со одлуката на Руиз да изгуби тежина. Боксерската легенда е на мислење дека треба да ја користи истата формула што му донесе успех.

„Мислам дека нема смисла“, рече Тајсон за Паримач.

„Но, секој има свој начин, секој има своја суета. Сакаат да изгледаат добро.

Верувам дека ако нешто работи, не треба да се допира. Единствената нешто што треба да го прави Руиз е токму она што го работеше во претходниот меч“.

Според Руиз, сепак, слабеењето воопшто нема да влијае на него.

„Луѓето ми велат дека премногу сум симнал“, вели Руиз. „Дека нема да бидам толку силен и дека тој лесно ќе ме контролира.

Изгубив нешто повеќе од 4 килограми од она што бев во јуни. И се уште сум истиот, се уште сум силен.

Џошуа отсекогаш бил во форма. Секогаш изгледал добро, навистина истрошен“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО