Мајк Тајсон повторно во убиствена форма (ФОТО)

Љубителите на боксот со нетрпение го очекуваат 28 ноември и враќањето на големиот Мајк Тајсон во рингот, во борбата против Рој Џонс.

Легендарниот Тајсон во рингот се враќа првпат по 15 години, и се чини дека повторно е во онаа негова позната брутална форма, иако веќе има 54 години.

Тренира, како што истакна, повеќе од половина година порачувајќи дека се чувствува подобро од било кога.

Познато е дека Тајсон и Џонс ќе имаат егзибициски меч од осум рунди, но и двајцата се подготвуваат како да е тоа за титулата светски шампион, па без сомнение љубителите на боксот ги очекува вистински спектакл.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON