Мајк Тајсон: Одев по небото, бев како мртов!

Легендарниот боксер Мајк Тајсон зад себе има навистина турбулентно минато и живот во кој помина низ се и сешто.

„Железниот Мајк“ се смета за еден од најдобрите боксери на сите времиња, а да  беше кон троверза самиот по себе, веројатно ќе беше ќе го имаше статусот на најдобар.

Неколку години по завршувањето на неговата кариера, Тајсон открива интересни приказни кои се навистина неверојатни. Во својот подкаст, тој запали џоинт заедно со Снуп Дог, па ја започна приказната.

„Тргнав да одам во еден клуб во Феникс, а Снуп требаше да оди на снимање на некоја емисија, па се појави со сопствениот автобус. Излезе, ме внесе и мене, а во наредните два часа само пиевме и пушевме трева. Тоа беа почетоците на мојата кариера. Им се извинувам на фановите“, почна Тајсон.

Мајк зборуваше и за тоа како на неговиот живот влијаело употребата на психоделичен отров од жаба.

„Тоа ми го смени животот. Ја користев таа античка медицина и беше незамисливо, интергалактично. Одев по небото, бев како мртов. Го земав, вдишував, издишувамв и умирав. Бев навистина мртов. Не постоев, не бев јас. Бев многу исплашен и последен пат кога го зедов сакав моќ. Кога завршив со тоа, сфатив дека сакав да ги избегнам моите стравови. Ми требаше љубов и се заљубив во гулаби“, истакна Тајсон.

Ретко кој има вакви приказни, па затоа неговиот живот е како сценарио од холивуд.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON