Хабиб и стручниот штаб избегаа во Дубаи

115

Хабиб Нурмагомедов и неговиот табор ја напуштија Русија и се упатија кон Дубаи.

Од вчера, летовите беа забранети во Русија и очигледно непоразениот шампион го предвиде ова и замина на време. Хабиб има закажана борба со Тони Фергусон за 20 дена, а сè уште не е познато каде точно ќе се одржи нивната средба. Според прогнозите на букмејкери, Флорида е фаворит да биде домаќин на УФЦ 249, а веднаш по Флорида се Обединетите Арапски Емирати, каде што во овој момент е Хабиб.

Неговиот братучед, Умар Нурмагомедов, објави фотографија од Емиратите, а пред тоа Гаџи Рабаданов, кој е негов соработник објави видео од нив како летаат со авион. Сепак, околу УФЦ 249 се е мистерија, но барем знаеме дека Хабиб избега од Русија и така шансите за борба со Тони се уште постојат. Хабиб е почитуван од кралското семејство во Емиратите и оствари пријателства минатиот септември, откако го победи Дастин Поиер во Абу Даби.

https://www.instagram.com/p/B-PJ-guH13p/?utm_source=ig_embed

https://twitter.com/ESPNKnockOut/status/1243272148187262976?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed&ref_url=https%3A%2F%2Fmma.bg%2Fnovini%2Fmma-novini%2Fhabib-i-negovia-shtab-izbyagali-v-dubay