Поранешниот боксерски шампион во тешка категорија Мајк Тајсон (50-6) не сака цел ден да биде во теретана и да тренира борци. „Железниот мајк“ е една од најголемите легенди во историјата на спортот.
Тој владееше како неприкосновен светски шампион во тешка категорија од 1987 до 1990 година. Освојувајќи го првиот појас на 20 години, четири месеци и 22 дена, Тајсон го држи рекордот како најмлад боксер кој освоил титула во тешка категорија.
Многу луѓе сонуваат Тајсон да ги тренира, но тој нема трпение да го направи тоа.
„Немам такво трпение. Нема да се будам секое утро, да будам некого за да се уверам дека трча и вежба и сето тоа. Ги примив сите удари за да не мораат моите деца да ги примаат.
Немам време, имам работи да правам. Немам време да бидам во теретана секој ден, цел ден. Тоа го прави тренерот, тоа е негова работа. Цело време е во теретана.
Претпочитам да заработам 8 милиони долари некаде отколку да бидам во теретана испотен и лут на некое дете затоа што не го направи тоа што го барав од него.
Сепак, треба да разговарате со него за неговите семејни проблеми. Кога сте тренер, вие сте психијатар за дете, и мајка, и татко, и очув и вујко“, рече Тајсон на својот подкаст.
Тајсон дефинитивно би бил одличен тренер. Штета што не реши да оди по тој пат.