Мајк Тајсон: Мејведер е поголем од Али? Тој е еден мал исплашен човек!

Majk_Tajson_tupanica

Многу се очекува од боксерскиот спектакл меѓу Флојд Мејведер и Мани Пакјао, борба која викендов ќе се одржи во Лас Вегас, па тензијата расте и расте. Еден од личностите кој знае како е да се боксува на ова врвно ниво е легендарниот Мајк Тајсон кој во едно интерју во свој стил ја искоментира изјавата на Мејведер за тоа дека е најдобриот во историјата и е подобар дури од Мухамед Али.

– Флојд има проблем со реалноста. Кога Али би бил во подобра здравствена состојба, тој сам би ги водел своите внуци во училиште. Мејведер не може да ги однесе своите деца сам во училиште и вели дека е најдобар? Големината не е во тоа да се пазите од народот, туку да бидете прифатени. Тој е едно мало и уплашено човече, -вели „железниот“ Мајк.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО