Мајк Тајсон кажа со кого сака да се бори

Живата бокс легенда Мајк Тајсон е многу блиску до враќање во рингот, а и нема недостаток на луѓе кои сакаат да се соочат со него.

Сепак, тој посочи со кого би сакал да се сретне меѓу јажињата, иако целосно е свесен дека е невозможно. Најмладиот светски шампион во тешка категорија во историјата изјав дека би сакал да боксира со друга легенда – Флојд Мејведер Jуниор, иако разликата во нивните категории ја прави таквата борба практично невозможна. Сепак, „Железниот Мајк“ рече дека ќе подготви сосема друга тактика против непоразениот Американец на 50 мечеви, освојувајќи ја титулата во 5 различни категории.

„Навистина, многу сакам да имав можност да се борам против него, посакував да ми беше во категоријата. Се разбира, никогаш не би можеле да се бориме заради разликата во тежината, но не би се борел така против него, како што правеа сите други. Би бил гаден, да се борам валкано. Човек, апсолутно, треба да проба сè против него, затоа што и тој е  премногу добар. Не можеш… скоро е невозможно да се бориш чисто против него. Тешко е да го победиш. Не ми е грижа. Едноставно е тешко. Стилот што го применува – точно тој стил е исклучително тежок за победување. Но, не ми е гајле. Без разлика дали го сакате или го мразите, тежок е за победување. Но би се борел со човек како него на сосема поинаков начин, ако тој беше во тешка категорија“, изјави Железниот Мајк за „ShoBox “.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО