Мајк Тајсон: Фјури-Вјладер беше целосно со храброст, срце и посветеност

Поранешниот боксерски шампион во тешка категорија Мајк Тајсон е многу задоволен од она што го виде на рингот меѓу Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер минатиот викенд.

Фјури ја одбрани титулата на ВБЦ нокаутирајќи го Вајлдер во 11-тата рунда.

Вајлдер беше соборен трипати, а Фјури двапати.

https://www.youtube.com/watch?v=7QJ-GkqjDR4

Тајсон е импресиониран и од новиот тренер на Вајлдер, пензионираниот боксер во тешка категорија, Малик Скот.

„Борбата меѓу Фјури и Вајлдер ќе биде запаметена како една од најголемите во боксот. Не поради вештините, туку поради акцијата и возбудата. Оваа борба беше целосно со храброст, срце и посветеност. Сите победија вечерва. Двајцата заслужија место во боксерската историја“, рече Тајсон.

„Тренерот на Вајлдер, Малик Скот, ја доби вечерта со неговите добри упатства“, вели тој.

По битката се покажа дека Вајлдер има фрактура на раката. Тој ќе биде опериран следната недела, а неговото враќање може да биде во средината на 2022 година.

Фјури може да се соочи со победникот меѓу Дилиен Вајт и Ото Валин, кои ќе се сретнат во рингот на 30 октомври. Се очекува ВБЦ да го задолжи својот шампион да ја брани титулата против победникот на овој меч.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО