Мајк Тајсон: Фјури ќе го победи Александар Усик

Поранешниот светски шампион во бокс Мајк Тајсон зборува за можна борба меѓу Александар Усик и Тајсон Фјури.

Во последните неколку месеци се водат интензивни преговори за овој дуел. Борбата е посакувана и многу интересна, бидејќи двајцата ги држат појасите во тешка категорија. Таквата борба ќе донесе неприкосновен шампион во тешка категорија, каков што не е виден повеќе од 20 години.

Се шпекулираше дека ќе ги видиме во април, но двајцата не можеа да се договорат за парите. Сега Усик ќе се бори со Даниел Дубоа, а Фјури се уште не може да најде противник. Постои опција двајцата да се борат на крајот на годината доколку не ги загубат претстојните борби.

И додека многу луѓе веруваат дека Усик може да го победи Фјури, Мајк Тајсон не се согласува.

„Тајсон Фјури ќе победи, ќе го победи Усик. Александар нема да може да трча со него толку долго. Тајсон ќе се нафрли врз него, ќе го измори и потоа ќе го удри. Усик нема да победи.

Тој нема да може постојано да се движи и да трча. Во одреден момент ќе мора да застане над Фјури за да се бори против него. Фјури е различен борец од Џошуа. Тајсон поконстантно ќе го напаѓа Усик.

Џошуа за малку ќе го нокаутираше Усик со удари во телото и со нив го повреди“, изјави Тајсон за Спорт бајбл.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON