Мајк Тајсон до Вајлдер: Порасни!

Легендарниот Мајк Тајсон смета дека поранешниот шампион во ВБЦ, Дионтеј Вајлдер има шанса во третата борба со Тајсон Фјури. Железниот Мајк верува дека Вајлдер се откажал и треба да се стегне бидејќи секогаш има шанса. Фјури и Вајлдер имаа две борби, од кои првата завршија нерешено, а во втората во февруари, Фјури победи со нокаут.

Тоа беше прв пораз во кариерата за „Бронзениот бомбардер“, кој причината за за тоа ја најде во костумот што го носеше при и злегувањето на рингот. Екипата на Вајлдер почна да кажува дека Фјури користел тап предмет за да направи дупка во главата на поранешниот шампион. По овој пораз, Вајлдер се затвори и речиси не е активен во медиумите и на социјалните мрежи. Можеби тој навистина се откажа и Мајк Тајсон реши да му даде вреден совет.

„Вајлдер има шанси против Фјури. Секој секогаш има шанса, но зависи само од тоа колку го сака тоа. Ако тој навистина сака да победи во оваа битка, тогаш сè може да се случи. Вајлдер може да заработи многу пари. Дионтеј не треба да биде тажен и обесхрабрен.

Тој мора да излезе и да се бори со многу жар и самодоверба. Се чувствува како да се предал. Тој направи 72 милиони долари и чувствува дека неговиот живот е готов. Човече, порасни и помини преку сè сè додека не дојде крајот“, му порача Тајсон.

https://www.instagram.com/p/CCMXNl5FpE0/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/B8g684Yhn-D/?utm_source=ig_embed

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО