Мек Грегор го критикува Пориер, затоа што е за реванш со Хабиб

Конор Мек Грегор го критикуваше Дастин Пориер, кој рече дека претпочита реванш со Хабиб Нурмагомедов и го откачи Мек Грегор за реванш. Минатиот месец Дијамантот и се врати на победите откако забележа тешка победа над Ден Хукер. Пориер е убеден дека може да му го нанесе првиот пораз на Хабиб, и покрај тоа што не успеа минатата година.

Дастин се предаде во битката со Нурмагомедов и го загуби привремениот појас. Сега, скоро една година подоцна, Дастин сака нова шанса против Хабиб и нема интерес за Мек Грегор, кој официјално е во пензија. Очигледно Конор стана љубоморен и напиша коментар во кој го критикуваше Дастин.

„Дастин Пориер очигледно е дел од „министерството за крварење“. Јавно да ве нокаутираат, да добиете потрес на мозокот и да ви го измасакрираат лицето е бесгранично полошо отколку да ве држат на земја и да ве завршат.

Мек Грегор и Пориер се бореа пред неколку години во перо категорија. Конор успеа да го нокаутира во првата рунда од битката и освои бонус.

https://www.instagram.com/p/CB30_hDpj8a/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО