Мајк Тајсон до Тајсон Фјури: Очекувај тешка ноќ против Нгану

Легендарниот боксер Мајк Тајсон, кој го подготвува поранешниот шампион на УФЦ Френсис Нгану за боксерски меч во тешка категорија со Тајсон Фјури, му се обрати на Британецот во пресрет на борбата.

Борбата меѓу Френсис Нгану и Тајсон Фјури е закажана за 28 октомври 2023 година. Местото на боксерскиот меч од 10 рунди ќе биде главниот град на Саудиска Арабија, градот Ријад. За Нгану оваа борба ќе биде деби во боксерскиот ринг.

И додека многумина очекуваат лесна победа на Фјури, „Железниoт“ го предупреди дека го чека тешка ноќ.

„Еј, со среќа брат. Тренирај напорно затоа што tи претстои тешка ноќ!“, изјави Тајсон во интервју за ЕС њус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО