Мајк Тајсон дебитира во Боливуд во спортски филм

Славниот Мајк Тајсон ќе дебитира во Боливуд, во индискиот спортски филм Liger. Веста на Twitter ја соопшти продуцентот Каран Џохар.

„За прв пат кралот на рингот ќе го видиме на големиот екран во индиската кинематографија. Добредојде Мајк во тимот“, напиша тој.

Според индиските медиуми, Liger е филм во кој индискиот актер Виџај Девераконда ќе ја толкува главната улога на кикбоксер.

Филмот требаше да биде прикажан на 9 септември, но е одложен бидејќи кината во државата Махарашатра останаа затворени по вториот бран на коронавирусот.

https://twitter.com/karanjohar/status/1442436827986554880?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1442436827986554880%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkajgana.com%2Fmajk-tajson-debitira-vo-bolivud-ke-glumi-vo-sportski-film

Уште не се познати деталите за улогата на Тајсон во филмот, но во изјавата стои дека ќе одигра значајна и моќна улога.

Главната женска улога ја толкува индиската актерка Ананја Пандеј.

Тајсон веќе се има појавено во бројни филмови, а во претстојната серија „Tyson“ него ќе го глуми Џејми Фокс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО