Мај тај првкот Гаши е убиен во обид да побегне од Исламската држава

valdet gasi

Двократниот светски шампион во тајландски кикбокс, Валдет Гаши, кој го напуштил своето семејство во Германија за да се приклучи на Исламската држава, бил убиен од милитантите на оваа терористичка организација бидејќи се обидел да избега од Сирија, јавува “IB Times”.

Првичната информација беше дека кикбоксeрoт од Косово е убиен во Сирија како член на „Исламска држава“, соопштија медиумите во Приштина. Гаши се приклучилл на „Исламска држава“ во јануари оваа година. Тој, минатиот месец во телевизиско интервју изјаи дека се „обидува да изгради модерен калифат во Сирија“.

 „Ако умрам, правејќи добро, сигурно ќе бидам радосен“, рекол тој, потсетуваат медиумите.

 Гаши е убиен на 27 јуни, соопшти брат му на социјалната мрежа „Фејсбук“.

 Гаши (28), всушност, живеел мирно во мало гратче во Баварија, а има појаси со светска и европска титула во кик бокс, како и неколку шампионски титули во тај бокс. Тој е оженет, со две деца.

gasi isil

Шампионот во боречките спортови е роден во Косово, а на 6 -годишна возраст пристигнал во Германија, каде што се населил со семејството. Тој и неговите родители не оставале впечаток на крајни исламисти или силно религиозни луѓе, но во последните години Гаши се променил, токму во таа насока.

Сега Сириската опсерваторија за човекови права соопштила дека Гаши бил фатен кога „со друга група“ се обидел да побегне од Алепо во Сирија.

Шампионот во тајландски кикбокс бил затворен во сирискиот град Манбеј, а подоцна и убиен од страна на ИСИС, рекле од Опсерваторијата, цитирајќи „доверливи извори“. Но, додаваат и дека добиле известување од уште еден извор, според кој Гаши е жив и се обидува да побегне од територијата на Исламската држава.

Опсерваторијата денес соопштила дека Гаши бил шокиран од ИСИС и дека се обидувал да се врати во Германија веќе по првиот месец од својот престој во Сирија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО