„ГЛАСАМ ЗА“-СИМОНА ТРАЈКОСКА: Верувам дека 2020 година каратето ќе го видиме на Олимпијадата во Токио!

Simona trajkoska

Откако каратето влезе во најтесна конкуренција за иден спорт на Олимписките игри 2020 во Токио, Јапонија, почна да се организира гласање во светот меѓу љубителите на спортот кој спорт сакаат да се најде на Олимпијадата. IPON.MK ја почнува акцијата „ГЛАСАМ ЗА“.

Акцијата ја продолжуваме со носителот на првиот освоен сениорски медал, се уште единствен во кати, на Европското првенство 2005 година во Тенерифе, Шпанија, тренер во ШКК Јошитака – Скопје и помошник тренер на државната селекција за кати 11-14 годиниа, СИМОНА ТАСЕВСКА ТРАЈКОСКА:

kata tim tenerife 2005 ekipata

„Секако дека гласам „ЗА“, бидејќи на каратето му е местото во олимпиското семејство. Верувам дека заложбите на Светската карате федерација и на секоја национална федерација, како и на нас, како индивидуи, овој пат ќе го дадат посакуваниот резултат и во 2020 година каратето ќе го видиме како дел од Олимпијадата во Токио. Резултатите би биле неизбежни, бидејќи сега имаме една генерација квалитетни деца кои високо котираат на европските и светските првенства. Да се надеваме дека ќе имаат шанса да се докажат и на Олимпијада, што е остварување на сонот на секој спортист.“

Гласајте за каратето на Олимпсиките игри 2020 тука http://community.ispo.com/welche-sportart-sollte-2020-olympisch-werden/view-poll/9d07e51b81dea6eefe218a6e2d4a9972

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО