Махачев сака да ја исчисти лесната категорија на УФЦ, а потоа ќе се обиде да го освои појасот и во полусредна

Дагестанецот Ислам Махачев викендов ја брани титулата шампион на УФЦ во лесна категорија против Австралиецот со македонско потекло Александар Волкановски.

Нивниот меч е водечки на настанот УФЦ 284 во Перт.

Ова е прва одбрана на титулата за Махачев, а неговата желба е да остави уште подлабока трага во најголемата светска ММА организација.

Неговиот тренер Хавиер Мендез открива дека Ислам сака прво да ја исчисти лесната категорија, па да се обиде да го освои шампионскиот појас и во полусредна категорија.

„Ги знам сите негови желби. Кога Ислам планира нешто, ќе направи се за да го постигне тоа. Ќе продолжи да тренира и да ја чисти дивизијата, а потоа ќе се обиде да ја освои титулата во полусредна категорија. Ќе го победи шампионот, без разлика кој е“, подвлече Хавиер Мендез и додаде:

„Еднаш ме праша што мислам за тоа, а јас се согласив со него. Никогаш не сум го слушнал Хабиб да зборува за полусредна и средна категорија. Но, она што го видов на тренинзите, можам да кажам дека Хабиб може да биде шампион во лесна, полусредна и средна категорија во исто време“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО