Петар Арсовски со експресна победа во четвртфиналето на Купот на Бугарија

Петар Арсовски со експресна победа го помина четвртфиналето на Купот на Бугарија.

Популарниот Пепка, како што го нарекуват во соседна Бугарија, извојува победа со прекин во втората рунда против Валентинов Валентин од Спартак Монтана во рамките на четвртфиналето.

Нашиот најдобар младински боксер кој настапува за Локомотив од Софија настапи во категорија 57кг.

„Тоа е нова тежинска категорија за Арсовски, и покрај тоа што очекувано победивме, сакав да видам како ќе настапи во оваа категорија, една погоре од неговата 54 кг, а воедно и да видим како се одразија двомесечните подготовки“, соопшти неговиот татко Алекксандар Арсовски и додава:

„Нормално победата е победа, меѓутоа, има уште работи кои се предмет на брусење, ако сакаме настап на поголеми натпреварувања“.

На Купот на Бугарија кој се одржува во Петрич уцествуваат близу 190 боксери од 41 клуб во возрасната група младинци.

Утре на програмата е полуфиналето со почеток во 14 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО