Махачев, Дијаз и Фергусон Варијанти за Конор Мек Грегор

Долгогодишниот тренер на Конор Мек Грегор, Џон Каванаг, ги откри опциите за ривал на неговата ѕвезда. Во моментов, „Озлогласениот“ се уште се опоравува од скршеницата на ногата во трилогијата со Дастин Пориер во јули оваа година.

За среќа, се оди според планот и Мек Грегор ќе може да започне со тренинзи со полна брзина во април 2022 година. Ако се оди според планот, тогаш Конор би требало да се врати кон средината на следната година.

Каванаг тврди дека Мек Грегор го сака ММА спортот и постојано зборува за титулата во лесна категорија. Поранешниот двоен шампион сака повторно да се искачи на врвот и ќе се врати по појасот.

„Трилогијата со Нејт Дијаз е многу, многу примамлива. Ова е битка која ми задава кошмари. Овој човек не престанува да притиска без разлика дали ќе се бори 3 или 5 рунди. Таквата битка е дефинитивно интересна. Исто така, Тони Фергусон е битка која никогаш не се случила. Многу се зборуваше за неа.

Мислам дека Фергусон има повеќе да понуди. Тој е многу необичен напаѓач и граплер. Мислам дека градењето на таква битка би било интересно. Ние целиме на такви битки за наследство. Секојдневно разговараме за борбената техника. Тој се уште постојано зборува за титулата. Кој е заклучокот од ова?

Ова покажува дека Конор сè уште го сака спортот. Тој сака ММА. Мек Грегор ќе се врати за титулата. Оваа категорија е полна со убијци. Битка против Ислам Махачев би била одлична од очигледни причини. Ајде да видиме кој ќе победи викендов. Возбуден сум што го гледам Конор повторно во спортот здрав“, рече Каванаг во интервју за Ариел Хелвани.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО