Џастин Гејџи најверојатно ќе биде новиот предизвикувач во борбата за шампионскиот појас во лесна категорија. Хајлајт повторно ќе добие шанса да се искачи на тронот по неодамнешниот триумф на УФЦ 268 против Мајкл Чендлер и да добие борба против победникот во борбата за титулата меѓу шампионите Чарлс Оливеира и Дастин Пориер на 11 декември на УФЦ 269 во Лас Вегас.
Но, освен за Гејџи, многу се зборуваше и за Ислам Махачев. Имено, Дагестанецот на настанот пред две недели го победи Ден Хукер, што беше причина неговиот тренер и поранешен шампион Хабиб Нурмагомедов да го посочи како еден од кандидатите за позицијата предизвикувач.
Еди Алварез, поранешниот противник на Гејџи, верува дека Хајлајт заслужува нова можност да го нападне шампионскиот појас во моментов.
„Го почитувам Хабиб, но Гејџи треба да ја добие борбата за титулата пред Махачев“, напиша Еди Алварез на Твитер, а Ислам одговори:
„Не е моја вина што не се борев против порангирани борци. Никој не сакаше да се бори со мене. Без разлика, моментално сум четврти на ранг листата. Има ли некој во Топ 10 кој сака да се бори со мене. Во УФЦ мораа да доплатат за Хукер да ја прифати борбата. Полека тоа станува бокс“.