Магомед Исмаилов дебитира во боксот со победа над Дуродола (ВИДЕО)

Руската ММА ѕвезда Магомед Исмаилов дебитираше во бокс. „Ќелавиот предатор“ се соочи со Нигериецот Оланреважу Дуродола на гала вечерта што ја одржа РЕН ТВ Фајт клуб во Русија.

Исмаилов немаше искуство во бокс и малкумина му дадва шанса против противникот кој има повеќе од 40 борби во рингот. Сепак, Магомед ги изненади сите и се претстави многу добро. Беше многу поактивен и поагресивен од Дуродола.

Мага во неколку наврати го повреди Дуродола, кој, сепак, остана на нозе. Исмаилов прикажа многу подобра борба и победи со судиска одлука по 4 рунди – (40-36, 40-36, 40-36).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО