Магомед Анкалаев против Алекс Переира кон крајот на годината

Магомед Анкалаев и Алекс Переира повторно ќе се сретнат во реванш за титулата во полутешка категорија на УФЦ подоцна оваа година, потврди менаџерот на Анкалаев, Али Абделазиз за ТАСС.
„Переира се согласи на реванш. Борбата е закажана за крајот на годината“, рече Абделазиз.
Анкалаев во март оваа година со одлука на судиите го победи Переира, освојувајќи го шампионскиот појас во категоријата. Веднаш по борбата, се зборуваше за потенцијален реванш, а извештаите дури сугерираа дека веќе е договорен. Сепак, Анкалаев подоцна објави на социјалните мрежи дека Переира не можел да се договори со УФЦ за датум за новата борба.
Сега, се чини дека преговорите се успешно завршени, а навивачите можат да очекуваат уште една спектакуларна средба меѓу двајцата до крајот на годината.



