Магдалена Божиноска освои златен медал, Марија Милева сребрен и бронзен на Гранд при Кроација (ФОТО)

Магдалена Божиноска (-59 кг) освои златен медал во јуниорска конкуренција, Марија Милева (-53 кг) сребрен во јуниорска и бронзен во У-21 во категоријата до 55 кг на силниот Меѓународен карате турнир Гранд при Кроација во Самобор, Хрватска.

Ова е добар успех на каратистите на Олимпик спорт пред Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 во февруари.

Магдалена во прво коло беше слободна славеше 1-0 против Елиса Сарти од Италијуа, потоа ја победи Хана Дебељнак од Словенија 2-1, во  полуфиналето беше подобра од Ајла Рзаде Азербејџан 3-2 и во финалето триумфираше исто така со победа 3:2 над Украинката Оксана Базелнук.

Марија во јуниорска конкуренција славеше против Италијанката Викторија Цасели 3-0, Унгарката Александра Иланкова 3-2, 1-0 над Таглио Алесија, а во полуфиналето со 2-1 ја совлада Хрватката Ема Стивиќ 2-1, додека во финалето е поразена со минимален резултат 0-1 од Нејра Сиповиќ од Босна и Хрецеговина.

Во У-21 Милева ги совлада Бојана Јанковиќ од Србија 6-3, Маја Бенероч од Израел 7-6, Нејра Сиповиќ од БиХ 2-1, а полуфиналето загуби на нерешен резултат 2-2 против Украинката Ана Протсенко поради прв освоен поен. Во борбата за бронзениот медал славеше против Азербејџанката Мадина Садигова со 2-1.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО