Мачида: Шампионот Вајдман ќе го победи Рокхолд

macida vjadman

Шампионот во средна категорија на УФЦ, Крис Вајдман, успешно ја одбрани титулата против Витор Белфорт на УФЦ 187. Не мина многу време и тој го доби следниот противник – Лук Рокхолд. Се уште не е закажан датумот за нивната битка.

 Лиото Мачида веќе добро ја познава борбата на шампионот и смета дека Рокхолд ќе ја загуби претстојната средба.

 „Тешко е да се каже кој ќе победи, бидејќи и двајцата имаат и силни и слаби страни. Мислам дека Рокхолд има добра борба на партер и знае како да се справи во стоење. Крис Вајдман е добар во уривањето и добро ги контролира работите во партер, така што многу е тешко да се прогнозира. Кој ќе излезе со подобра стратегија, тој ќе победи. Јас се обложувам на Вајдман“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО