Мартин и Емил весело пречекани на „Александар Велики“!(ФОТО)

Screenshot 2015-06-16 09.04.22

Освојувачите на медали на Европските игри во Баку, картистите Емил Павлов и Мартин Несторовски, на скопскиот аеродром „Александар Велики“ беа дочекани од тренерите, родителите, пријателите, клупските другари, репрезентативци во придружба на плех музика.

Карате клубот Металург организрано го пречека својот репрезентативец на чело со тренерите Мирче Јанушевски и Драган Грдановски-Џеф, како и помладите тренери Гоце Петров и Амир Беговиќ, потоа родителите на Мартин Несторовски, а најрадосна беше неговата сестра Елена. На аеродромот беа и тренерите на Емил Павлов, браќата Сашко и Жарко Арсовски од КК Штип, како и репрезентативецот Тодор Ристески.

Precek od Baku so oro martin napred

Кога нашата екипа се појави во холот Мартин, Емил, тренерот на репрезентацијата Петар Белистојановски и членот на ИО на КФМ Горан Милковски, настана општа еуфорија, а „Александар Велики“ ечеше од музика и вослкици на радост. Изостана поширока орагизираност, како и луѓе од ИО на КФМ.

Precek od Baku emil i trenerite

Емил замина за Штип, Петар за Прилеп, а Мартин во Лисиче каде што неговите родители и другари организираа дочек со огномет, а успехот беше залиен со шампањско.

Precek od Baku ognomet so zname

Precek od Baku ognomet

precek od baku so trenerite domaipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО