Лулзим Вренези: Имавме проблем со повредата на Митров, а не можеше да ја регулира тежината!

Lulzim vrenezi vo mok

„Имавме проблем со повредата на Дејан Митров, повторно се обнови на истото место, а и не можеше да ги регулира килограмите, затоа моравме да направиме друга опција“, изајви за ipon.mk тренерот на сениорската репрезентација, Лулзим Вренези, во врска со настаните околу Митров, кој не се појави во категријата до 65 кг која е олимписка, туку, по ммногу перипетии излезе на душекот до 70 кг, која патем ја загуби со технички туш (10-0).

Пред Свесткото првенство во Лас Вегас Вренези беше оптимист и најави еда до две олимписки норми. Сепак, конечниот ефект е поразителен, пет порази од пет настапи, три се со технички туш или вкупен скор на поени 44-1.

„Стојам зад изјавата што ја дадов. Постојано бевме на подготовки, турнири, па имавме и завршен подготвителен циклус. Но, ништо не можеше да направиме со повредите на Халил и на Дејан. Чудо не се прави за кратко време. Верувајте дека имаат сериозни повреди. Добро е што излегоаа да се борат“, потенцира Вренези.

На нашите прашања дека Митров ја сменил категоријата, во која се брка олимписка норма и дека за тоа се трошат пари на МОК, останавме без одговор.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО