Браќата Жарко и Сашко Арсовски се враќаат со три бронзи од „Базел опен мастерс 2015“!

Zarko na Bazel open 2

Репрезентативецот на Македонија, Жарко Арсковски, на големиот турнир „Базел опен мастерс 2015“ во Швајцарија освои два бронзени медали, еден во категоријата до 84 килограми и еден во мастерс категоријата, додека неговиот брат Сашко Арсовски исто така освои бронза во категоријат над 84 килограми.

На турнирот настапија големи карате ѕвезди од светот, кои се носители на европски и светски првенства, а поголем дел од нив беа поканети со лична покана. Од Македонија таква покана добија Емил Павлов и Берат Јакупи, кој не настапи поради повредата, иако беше таму.

Посебна атракција на овој турнир беше апсолутната категорија,која имаше и награден фонд, односно за првото место нагрдата е 800 швацарски франци, за второ 400 и за трето 200.

zarko na bazel open 3

Ми беше чест да се борам во апсолутна.категорија, бидјеќи одамна не сум се борел и се чувствував одлично. Изгубив во последна секунда со минимален резултат Меѓутоа, јас сум задоволен од мојот настап, и покрај кризата што ја имав минатата сезона. Кога сме кај апсолутната категорија, јас сум оптимист дека некогаш ќе се врати и кај нас, па и на големите шампионати, затоа што навистина е една од најатрактивните“, изјави специјално за ipon.mk штипајнецот Жарко Арсовски, кој е тренер во КК Штип и настапува за КК Макпетрол.

Како што рековме на турнирот учествуваше и Емил Пвалов (КК Штип),поранешниот европкси првак и носител на бронзениот медал од Европските игри во Баку, иако беше повреден.

Павлов вели дека турнирот имал голем квалитет, затоа што имало многу носители на европски и светски медали.

„Лично за мојот настап може да кажам дека сум задоволен, иако настапив повреден и во потешка категорија до 67 кг. Имав една победа против каратисти од Шкотска и пораз во втората борба од Германец.Судењето не беше најдобро. Имав водство од 3-2 и во последните моменти му дадоа маваши, кое беше во рака, ама што е тоа е. Останува да ја санирам повредата и да се обидам да освојам медал на Премиер лигата во Салзбург“, истакна Павлов за ipon.mk.

Во апсолутна категорија жарко Арсовски ги победи: Калум Роб (Англија), Вусал Камали (азербејџан), а Загуби од Шахин Гулудазе (Азербејџан). Победник во оваа атрактивна категорија е Гокхан Гудуз од Турција. Брат му Сашко Арсовски во оваа категорија славеше над Гарет Данкерлеј од Англија, а беше поразен од Шахин Гулудазе (Азербејџан).

Во категоријата до 84 кг Жарко извојува победи против Андре Грацер (Австрија) и Лахад Сисе Абду (Франција), а во полуфиналето беше поразен од Турчинот Гокхан Гудуз. Во финалето победи Ајкан Мамаев од Азербејџан.

Сашко Арсовски (+84 кг) го победи Енес Еркан од Турција, но загуби од Али Јафаров од Азербејџан.

Павлов (- 67 кг) го победи Грек Маколеј (Шкоткса), азагуби од Тохан Оезтуерк (Германија).

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО