Лукас Браун бара хонорар три милиони долари од Кличко

lukas-braun-istetoviran

Штабот на Лукас Браун бара од Владимир Кличко хонорар во висина од 3 милиони долари за борбата меѓу Австралиецот и Украинецот на 10 декември во Хамбург – Германија.

Тоа е повеќе отколку Браун што заработил за својата 7-годишна боксерска кариера. Во тимот на Кличко се изненадени од неговите претензии. Нивниот предлог е еден милион долари, но до борбата останува само месец и половина и затоа од таборот на Австралиецот се обидуваат да се добие максимална корист од создадената ситуација.

Според мислењето на стручњаците, овој ултиматум претставува возможнност за Кличко да се врати на преговорите со Ентони Џошуа. Според пресметките, оваа борба може да генерира профит во износ од 30 милиони фунти, што е 4-5 пати повеќе од она што може да донесе средбата Кличко – Браун. Освен тоа, и од спортска гледна точка овој мегаспектакал е многу поинтересен.

Лукас Браун има 24 победи од 24 натпревари на професионалниот ринг, а 21 од нив се нокаут.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО