АктуелноЕвропски првенстваКик бокс
Јетмир Емрули ќе ја претставува Македонија на ЕП во кик бокс во Марибор
Кик бокс федерацијата на Македонија соопшти дека на Европското сениорско првенство во Марибор, Словенија, кое почна денеска и ќе трае до 30 октомври, прв дел, Македонија ќе ја претставува само Јетмир Емрули (-71 кг) во К-1.
„Заради немање финансиски средства на ова првенство Македонија ќе ја претставува Јетмир Емрули -71 кг во К-1 дисциплината. Вториот дел од првенството ќе се одржи во Атина следниот месец, каде се очекува да се потврдат златните медали од светските првенства на Димитар Ѓорѓиев и Ненад Манојловски“, велат од КБФМ.
Ipon.mk/В.Д.





