Лукас Браун бара повеќе пари од Кличко

lukas-braun-vo-akcija

Ако Владимир Кличко на 10-ти декември во Хамбург има намера да се бори против Лукас Браун (24-0, 21 КО) ќе мора да му понуди повеќе пари.

Извори блиски до преговарачки страни велат дека Австралиецот е незадоволен со понудата од еден милион долари за меч за ВБА титулата. Кличковите претставници оваа недела се повлекоа од преговорите со Ентони Џошуа.

40-годишниот Кличко планира прво да се бориза ВБА титулата со 37-годишниот Браун, а борба со Џошуа ќе ја остави за напролет или налето.

Временскиот период меѓу двете борби е само седум недели и ако „Big Daddy“” ја одбие понудата, тимот на Украинецот нема да имаа многу време да најде соодветна замена.

Белорусинот Александар Устинов е рангиран на трето место во листата на ВБА.

Лукас Браун во март го нокаутираше Руслан Чагаев и стана првиот австралиски светски шампион во тешка категорија.

Два месеци по „регуларната“ ВБА титула му е одвземена откако беше објавено дека е позитивен на допинг тест и вратен на Чагаев под услов повторно да се бори со Фрес Оквендо. 37-годишниот Узбекистанец во меѓувреме се пензионираше од здравствени причини.

Светската боксерска асоцијација одлучи да го врати 37-годишниот Австралиец во првите пет на листата на рангирани и реши да се бори за испразнетиот наслов „редовен“ шампион со Оквендо (Тајсон Фјури беше „супер“ шампион) во период од 120 дена.

Во соопштението на ВБА и наведува дека е „малку веројатно дека Браун намерно или доброволно земал кленбутерол во една доза неколку дена пред борбата, бидејќи таква количина не би му донела никаква предност“.

Исто така беше нагласено дека Браун доброволно се согласил на ВАДА тестирање и го поминал ненајавениот тест на 29 февруари, само пет дена пред борбата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО