Големиот карате шампион, мајсторот на катите, Лука Валдеси, синоќа на полноќ пристигна на скопскиот аеродром „Алексанадар Велики“, притоа го пречекаа Симона Трајкоса, Ивана Аврамова и Живко Тасевски.
Валдеси утре и во недела ќе одржи семинар во спортската сала „Форца“, а во организација на КК Јошитака и КК Урбан инвест.
Како натпреварувач во текот на својата долгогодишна плодна кариера Валдеси има освоено 22 златни медали на европски првенства и 6 златни медали од светски првенства. Во 2013 година се повлече од натпреварите и сега своето знаење го пренесува на помладите генерации.
Ipon.mk/В. Д.