Меѓународна сценаММА

Лук Рокхолд: УФЦ прави сè што може за да му даде шанса за титулата на „малиот“ Педи Пимблет

Поранешниот шампион во средна категорија на УФЦ, Лук Рокхолд, ја критикуваше одлуката на промоцијата да го турне Педи Пимблет во борба за титулата.

Пимблет (23-3 ММА, 7-0 УФЦ) требаше да се соочи со Џастин Гејџи за привремениот појас во лесна категорија во главната борба на УФЦ 324 на 24 јануари, откако шампионот Илија Топурија објави дека зема лична пауза. Сепак, Рокхолд, не гледа поента во привремената титула и е збунет од отсуството на Арман Царукјан од борба за титулата.

„Мислам дека прават сè што можат за да го вклучат малиот Педи во борба за титулата“, изјави Рокхолд за Сабмишн радио. „Ме нервираат борците кои мислат дека привремениот појас значи нешто. Гледате човек како Џастин Гејџи – тој знае дека тоа не е вистинската титула. Но, Педи веќе зборува за тоа како ќе биде шампион. Тој појас му значи нешто. Ајде“.

Рокхолд додаде дека УФЦ очигледно бара најдобри можни противници за Пимблет за да го врати интересот на британската сцена, но тоа не му се допаѓа:

„Арман е ѕвер. Погледнете што прави во граплирањето во моментов и како ги уништува своите противници. Не е лесно. Начинот на кој го преведува тоа во MMA го прави проблем за секого“.

Царукјан (23-3 ММА, 10-2 УФЦ) е исклучително активен надвор од октагонот – на 10 јануари ќе излезе за својата трета борба за еден месец, овој пат против Ленс Палмер на Риал американ фристајл во Мајами. На 30 декември ќе се соочи со Шара Магомедов во граплинг меч под знамето на Хајп ФЦ.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON