Луис Ортиз во декември повторно ќе се бори

luisortiz-scott-borba

Луис Ортиз пред десетина дена во Монте Карло го совлада Малик Скот и ја забележа 26 победа во кариерата.
Непоразениот Кубанец во рингот повторно влегува на 10 декември во воведниот дел на настанот Џошуа – Молина.

37-годишниот „Кинг Конг“ во Манчестер ќе се бори со Дејвид Ален (9-1-1, 6 КО). Во последната борба 24-годишниот Британец го доживеа првиот пораз во професионалната кариера. Во мечот за титулата во тешка категорија на Британија со едногласна одлука загуби од Дилиен Вајт.

И „Body Snatcher “ се бори во Манчестер. Против Дерек Чисора ја брани британската титула и се бори за местото предизвикувач во ВБЦ федерацијата.

Калид Јафаи (20-0, 14 КО) ја напаѓа светската титула во супер мува категорија ВБА шампионот од Панама, Луис Консепсион (35-4, 24 КО).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО