Луис Ортиз ќе мора да ја брани привремената титула во тешка категорија на ВБА против Александар Устинов.
Кога Голден Бој побара од ВБА Ортиз за привремената титула да се бори против 15-то рангираниот Матијас Видонда, Федерацијата доби поплаки од Лукас Браун, Џенингс Брајант и Александар Устинов.
ВБА му одобри борба на Кубанецот Видонда само доколку победникот се бори со Џенингс, а победникот од тој меч во наредните шест месеци мора да се бори со Устинов.
Ортиз го нокутираше Видонда во октомври минатата година во Њујорк, а два месеци подоцна и Брајант Џенингс.
Според правилата на ВБА „The Real Кинг Конг“ со 39-годишниот Белорусин мора да се бори на 19 јуни или порано. Доколку не се постигне договор и дојде до поднесување на понуди, заработувачката ќе се дели половина-половина.
Покрај привремениот, Светската боксерска асоцијација има уште двајца шампиони. Тајсон Фјури е „супер“, а „редовен“ првак Руслан Чагаев.