Лудило! Глори ги отпушти сите Руси од Лигата

Најголемата кик бокс лига во светот (Глори) ги отпушти сите свои спортисти кои се Руси. Чистката не го одмина ниту актуелниот шампион во полутешка категорија Артем Вахитов. Така, титулата во категоријата е веќе испразнета.

„Во врска со специјалната воена операција на Руската Федерација во Украина, која беше осудена од Глори, организацијата се соочува со голем број пречки.

Овие пречки им оневозможуваат на руските спортисти да се борат. Имаме логистички забрани, безбедносни проблеми, блокирање на дознаките во контекст на глобалните финансиски санкции против Русија.

Има и неподготвеност на ривалите да се борат со Русите“, се вели во соопштението на организацијата.

Малку подоцна, извршниот потпретседател на Глори, Скот Рудман, исто така излезе со изјава во која се наведува:

„Сакаме длабоко да им се заблагодариме на руските спортисти во овие тешки моменти за нивната соработка и историски настап во нашата лига.

Ги цениме како спортисти, натпреварувачи и пријатели и оваа несреќна ситуација не е нивна вина, а не е и наша. Ги почитуваме нивните кариери и посветеноста на спортот.

Вложивме многу труд во обидот да организираме различни битки за нив.

Но, предизвиците на реалниот свет во денешното опкружување се несовладливи“, рече извршниот потпретседател на Глори, Скот Рудман.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО