Љубиша Пешко: Како да не бидам задоволен од Халил!? (ВИДЕО)

Zubairov so site na tron

Халил е одлично подготвен, но да имавме барем некаква поддршка, физички ќе бевме поиздржливи, – ни изјави тренерот на освојувачот на бронзениот медал од Европското првенство за младинци до 23 години во Полска, Халил Зубаиров, Љубиша Пешко.

-Како да не бидам задоволен од Халил?! Тој е импулсивен, дисциплиниран, активен, исполнителен. Допрва ќе не радуваат со резултати нашите борачи. Халил, просто, можеше да стане европски шампион. За жал од разно-разни причини доцниме со тренажниот процес 2-3 месеци, – констатира Пешко.

Тој нагласува дека сега тој и Зубаиров се посветени да му помогнат на Тимур Хамикоев и тој да направи што подобар резултат, друи и да се вмеша во распределбата на медалите во грчко-римски стил.

-По денешниот тренинг, малку изморени, но сложно во борба за второто одличје за Македонија! Се надеваме дека Тимур ќе не израдува, – потенцира Пешко.

Pesko i Zubairov

Ќе потсетиме дека нашите репрезентативци се соочија со многу проблеми до одењето во Полска, пред се во финасиска смисла, и дека се ќе се надмине и во моментов Хамикоев и тренерот ќе ги имаат сите услови за да остварат што подобар резултат.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON