Лоулер стана првак со чудна одлука на судиите, Петис подобар од Мелендез

207
Петис и екипата
Петис и екипата
Петис и екипата

Роби Лоулер е новиот светски шампион во полусредна категорија, по исклучително шокантна одлука на судиите против Џони Хендрикс. Ентони Петис направи голем пресврт по првата лоша рунда, искиористи еден момент и дојде до победата над Жилберт Мелендез. До победи  дојдоа и Тревис Браун, Тод Дафи, Тони Фергусон и Урија Фабер.

 Џони Хендрикс не е миленик на судиите, а тоа покажа уште еднаш во Лас Вегас на УФЦ 181 настанот. Роби Лоуллер го совлада со поделена одлука на судиите. Мора да се признае дека тоа е многу чудно и контроверзно, особено во случај на еден судија кој дури во четири рунди му даде предност на Лоулер.

 УФЦ 181

 Роби Лоулер – Џони Хендрикс, поделени одлуките на судиите

Ентони Петис – Жилберт Мелендез, САБ (гилотина) – Р2, 01:53

Тревис Браун – Брендан Шауб, преку TKO (со удари) – Р1, 04:50

Тод Дафи – Ентони Хамилтон, КО – Р1, 00:33

Тони Фергусон – Авел Трухило, САБ (со гушење назад) – Р2, 04:19

 Урија Фабер – Франциско Ривера, САБ (булдог давење) – Р2 01:34

Џош Samman – Еди Гордон, КО – Р2, 03:08

Кори Андерсон – Џастин Џонс,со едногласна одлука

Ракел Пенигтон – Ешли Еванс -Смит,САБ (булдог давање) – Р1, 04:59

 Серхио Петис – Мет Хобар, со едногласна одлука

Клеј Колар – Алекс Бела, со едногласна одлука