Ломаченко првак на франшизата на ВБЦ, Хани нов шампион

Девин Хани (23-0, 15 КО) стана најмладиот светски шампион со указ на ВБЦ.

20-годишниот Американец е промовиран од привремен шампион на ВБЦ во полноправен во категоријата 61,2 килограми, дури и не стапнал во рингот.

Тоа се случи благодарение на одлуката на федерацијата со седиште во Мексико Сити со која го прогласи својот шампион во лесна категорија, Васил Ломаченко (14-1, 10 КО) за првак на „франшизата“, слично како што направи и со Канело.

Овој потег се случи по барање на промоторот на Ломаченко Топ ранг кој планира борба за обединување на титулата со победникот од мечот меѓу шампионот на ИБФ, Ричард Комеј и Теофим Лопез.

Како задолжителен предизвикувач, Хани планираше да го натера Ломаченко да се бори

Се шпекулира дека и Дионтеј Вајлдер може да биде следниот на кого ВБЦ ќе му го додели овој статус, кој овозможува избегнување на задолжителните предизвикувачи без губење на појасот.

Хани ја освои привремената титула во септември, совладувајќи го претходно непоразениот Заур Абдулаев. Тој стана професионалец во 2015 година на само 16 години. Има договор со Мечрум бокс.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=4&v=plJe1amV7SQ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО